Monday, May 7, 2018

Антигона

Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во грев, ќерка на родители – мајка и син, таа не може да има среќна судбина.

              Но, сепак, тоа не е нејзината најголема трагедија. Таа е толку чесна, достоинствена, горда и посветена, што не може да дозволи нејзиниот брат, па каква и да му била вината, да го остави непогребан. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен на мршојадците. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит.
За неа тука завршува сѐ. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот, и заповедта на кралот. Ништо нема значење. Само зачувувањето на достоинството, свое и на братот. Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа.
              Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

,,Вујко Вања''- А.П. Чехов

              Драмата е приказна за едно имашливо руско семејство, кое живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров.
              Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските.             
             Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата. По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.

Tuesday, March 27, 2018

Одлично е да си мрзелив



Мрзеливоста е една од најлошите карактеристики со кои може да се одликува една личност.Да се биде мрзелив е потребно многу напор.Тоа е како зависност од која не можеме да се одвикнеме.
Секој мрзелив човек умира од досада.Се околу него е исто и многу здодевно.Фактот дека еден мрзелив човек не ги преви реботите што останатите ги прават е неизбежен.
Мрзеливите луѓе не се работливи.Тие делуваат многу не заинтересирано.Најчесто кога нешто работат го прават бавно и со недостиг на желба.
Еден мрзелив човек сака и чека некој друг да ја заврши неговата обврска. Но се лаже,никој нема да сака да му помогне.Ниту пак некој ќе сака да ја изврши неговата обврска.
Заклучуваме дека мрзеливоста не е корсна и дека е еден вид на навика.

Monday, February 12, 2018

Прва љубов


1-Фабула

Прва љубов e приказна за љубовта помеѓу 21-годишна девојка и 16-годишно момче.
Тројцата мажи по редослед раскажуваат приказни за својата прва љубов.Кога редот му доаѓа на Владимир, тој предложува да ја напише приказната во тетратка, бидејќи била долга.
Другите мажи се согласуваат, и неколку недели подоцна Владимир ја чита приказната сеќавајќи се на спомените на својата прва љубов.

Sunday, November 26, 2017

''Шагринса кожа'' - Оноре Де Балзак

Во ова дело се зборува за животната линија на младиот Рафаел, студент без илузии – човек чија животна смисла е бесповратно изгубена поради незадоволството што му го пружил истиот живот.
Но, токму истиот тој живот е непредвидлив и полн со изненадувања – во маргините на темната вечер низ улици, Рафаел запознал еден сомнителен трговец, кој му нуди необичен прозивод кој ќе му го реши проблемот. Парче кожа кое има чудесна моќ… оној кој ја поседува кожата, парче шагрин, ќе има се но, за возврат, кожата ќе стане негов господар.
Со секое исполнување на извесните желби, таа постепено ќе се намалува, а со самото тоа, ќе се намалуваат и деновите во животот на нејзиниот сопственик. Без да предвиди, Рафаел само го одложува своето самоубиство… станува богат, познат, среќен, исполнет.
         Останатите ликови овој лик го гледаат како многу себичен, кој сака да ги задоволи само своите потреби. Рафаел е свесен за тоа како го гледаат ликовите бидејќи тој многу ја сакал Федора и се трудел да ја освои со помош на шагринската кожа.

Sunday, November 19, 2017

,,Повикот на дивината''-Џ.Лондон


Баку е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара на имотот на судијата Милер. Тешко е 64 кг., со силни мускули. Бак се надевал дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле и други кучиња. Тука биле Тук и Изабела и биле многу плашливи. Но, Бак бил посебен, слободен, храбар, тој одел секаде наоколу, бил крал на сите имоти, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, кога ќерките на судијата оделе на долги прошетки тој ги придружувал, а навечер седел покрај неговите нозе.
Но, тоа кратко траело кога започнала златната треска.Некои луѓе истражувале на Арктикот и таму нашле злато. Но, им требале кучиња,за да им го влечат товарот. Една вечер кога судијата бил на некој состанок, а сите други вработени на имотот зфатени, Мануел еден од помошниците на градинарот лош човек, го продал Бак на некој туѓинец. Го вржале со јаже и го сместиле во вагон, со кој бил однесен далеку. По пат бил тепан, ставен во сандак, а потоа во еден двор бил крвнички малтретиран од едниот од скротувачите на кучиња.
Сите кучиња биле продавани и ниту едно не се вратило назад. Бак го купил еден француски по име Перо, заедно со Крли и ги однел на брод. Таму ги презел крупен црномурест и праведен човек, кој внимавал на уште две кучиња на бродот.

Sunday, November 5, 2017

Панонски легенди

Панонски легенди е најстарото дело од нашата средновековна литература. Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј. Во нив е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост.
Во Солун, во куќата на Лав и Марија, се родиле 7 деца, од кои седмото бил Константин (826 или 827г.). Лав бил помошник на воениот командант на солунската област, а Марија потекнувала од видно семејство. Потекнувајќи од видно и богато семејство Константин имал можност да се здобие со солидно образование.
Како многу учен, го испраќаат на три мисии:
1. Арапска мисија (851год.)
2. Хазарска мисија (860-861год.)
3. Моравска мисија (863год.)
Моравската мисија е најзначајна, бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука.Константин со помош на Методија ја создава првата словенска азбука — глаголицата и ги преведува книгите за богослужба на словенски јазик во 863 година.
Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна.Никаде нема податоци за роденото, световното име на Методиј, дека Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил на планината Олимп, каде го добил името Методиј. Опширно е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство и неговото прогонство од две и пол години.

Идејата на ова дело е да се одбрани правото на Словените, односно на свој јазик да создадат писменост и култура.