Sunday, November 26, 2017

''Шагринса кожа'' - Оноре Де Балзак

Во ова дело се зборува за животната линија на младиот Рафаел, студент без илузии – човек чија животна смисла е бесповратно изгубена поради незадоволството што му го пружил истиот живот.
Но, токму истиот тој живот е непредвидлив и полн со изненадувања – во маргините на темната вечер низ улици, Рафаел запознал еден сомнителен трговец, кој му нуди необичен прозивод кој ќе му го реши проблемот. Парче кожа кое има чудесна моќ… оној кој ја поседува кожата, парче шагрин, ќе има се но, за возврат, кожата ќе стане негов господар.
Со секое исполнување на извесните желби, таа постепено ќе се намалува, а со самото тоа, ќе се намалуваат и деновите во животот на нејзиниот сопственик. Без да предвиди, Рафаел само го одложува своето самоубиство… станува богат, познат, среќен, исполнет.
         Останатите ликови овој лик го гледаат како многу себичен, кој сака да ги задоволи само своите потреби. Рафаел е свесен за тоа како го гледаат ликовите бидејќи тој многу ја сакал Федора и се трудел да ја освои со помош на шагринската кожа.

Sunday, November 19, 2017

,,Повикот на дивината''-Џ.Лондон


Баку е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара на имотот на судијата Милер. Тешко е 64 кг., со силни мускули. Бак се надевал дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле и други кучиња. Тука биле Тук и Изабела и биле многу плашливи. Но, Бак бил посебен, слободен, храбар, тој одел секаде наоколу, бил крал на сите имоти, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, кога ќерките на судијата оделе на долги прошетки тој ги придружувал, а навечер седел покрај неговите нозе.
Но, тоа кратко траело кога започнала златната треска.Некои луѓе истражувале на Арктикот и таму нашле злато. Но, им требале кучиња,за да им го влечат товарот. Една вечер кога судијата бил на некој состанок, а сите други вработени на имотот зфатени, Мануел еден од помошниците на градинарот лош човек, го продал Бак на некој туѓинец. Го вржале со јаже и го сместиле во вагон, со кој бил однесен далеку. По пат бил тепан, ставен во сандак, а потоа во еден двор бил крвнички малтретиран од едниот од скротувачите на кучиња.
Сите кучиња биле продавани и ниту едно не се вратило назад. Бак го купил еден француски по име Перо, заедно со Крли и ги однел на брод. Таму ги презел крупен црномурест и праведен човек, кој внимавал на уште две кучиња на бродот.

Sunday, November 5, 2017

Панонски легенди

Панонски легенди е најстарото дело од нашата средновековна литература. Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј. Во нив е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост.
Во Солун, во куќата на Лав и Марија, се родиле 7 деца, од кои седмото бил Константин (826 или 827г.). Лав бил помошник на воениот командант на солунската област, а Марија потекнувала од видно семејство. Потекнувајќи од видно и богато семејство Константин имал можност да се здобие со солидно образование.
Како многу учен, го испраќаат на три мисии:
1. Арапска мисија (851год.)
2. Хазарска мисија (860-861год.)
3. Моравска мисија (863год.)
Моравската мисија е најзначајна, бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука.Константин со помош на Методија ја создава првата словенска азбука — глаголицата и ги преведува книгите за богослужба на словенски јазик во 863 година.
Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна.Никаде нема податоци за роденото, световното име на Методиј, дека Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил на планината Олимп, каде го добил името Методиј. Опширно е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство и неговото прогонство од две и пол години.

Идејата на ова дело е да се одбрани правото на Словените, односно на свој јазик да создадат писменост и култура.

Wednesday, October 18, 2017

СЕРДАРОТ

СЕРДАРОТ -ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

Сердарот  е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Григор Прличев (1830/31-1893) е роден во Охрид, во сиромашно семејство. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му.Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија.
Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како – љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.

Поемата е од огромно значење за македонската литературна историја, затоа што таа е совршено напишана.Во неа има богатство од стилско-изразни средства преку кои се отсликува драматиката на настанот.

Sunday, October 8, 2017

Илијада

„Илијадата“ е епопеја – најголемо епско дело во стихови.

Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја (Илиј).

Причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита.

Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон, Диомед,  Одисеј, Ахил,  Нестор – за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките.Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор, Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.

И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.Тројанската војна траела 10 години.  Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден.

Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).

Friday, March 31, 2017

Презентација - Биографија на Игор Џамбазов


Презентација- Биографија на Игор Џамбазов



На часот по македонски јазик ние бевме поделени по 7 групи од 3 ученици.Јас бев во група со Јана Петровска и Алексеј Ристовски.Насата задача беше да направиме презентација за Игор Џамбазов.Презентацијата ја изработивме на Google Slides и сите заедно баравме и внесувавме податоци.Презентацијата ни беше успешна,единствено нешто што би мозеле да смениме е сосема да го искористиме времето.За следен пат ќе се потрудиме да ја поправиме греската.

Monday, February 27, 2017

Обработка на делото ,,Времеплов'' од Х.Џ. Велс




Во заедничката работа бев во група со мојте соученици: Матеј Николовски и Илија Пејковски.
Мојата работа во групата е да ги издвојам чувствата од сите настани од делото "Времеплов" од Х.Џ Велс.
Мојата работа во групата ја оценувам како многу добра сметам дека добро ги издвоив чувствата од настаните.Имавме одлична соработка со мојата група. 



Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Една сабота, времепловецот во својата необична куќа, ги повикал своите пријатели за да им  раскаже дека има измислено временска машина со која може да се патува низ времето.
Времепловецот и пријателите.
Нема проблем.
Гордост.
  1. Се разбира, пријателите не му верувале, но тој го притиснал копчето на машината и исчезнал од куќата.
Пријателите.
Судир помеѓу времепловецот и неговите пријатели, не му веруваат.
Вознемиреност, лутина.
  1. Следниот четврток, пријателите повторно се собрале во куќата на закажаниот состанок, но Времепловецот го немало. Мислеле дека исчезнал!
Пријателите и времепловецот.
Пријателите го барале времепловецот но го немало!
Збунетост, паника.
  1. Наеднаш, тој се појавил, повреден, искинат, со прљавштини на облеката и им соопштил дека се вратил од своето патување во иднината, односно отпатувал во 802701-та година. Така, тој започнал да им ја раскажува својата авантура, која траела точно осум дена.
Времепловецот и пријателите.
Судир помеѓу времепловецот и иднината, се вратил распартален.

Паника.
  1. Кога стигнал во иднината, времепловецот на местот на својата куќа, видел парк, со споменик и сфинга. На местото од неговиот град, видел необичен друг град, со камени згради.
Времепловецот.
Времепловецот видел дека неговиот дом било сменето со други структури.
Изненаденост.
  1. Таму живееле мали, Елои, кои јаделе само овошје и ништо не работеле, туку само си играле и береле цвеќе. Нивниот јазик бил прост i немале никаква уметност и култура.
Елоите.
Нема проблем.
Изненаденост, збунетост.
  1. Во градот немало стари и изнемоштени, а сите биле облечени во убава облека. Меѓутоа, кога пристигнал таму, Времепловецот забележал дека некој му ја украл временската машина. И сакал да дознае кој.
Времепловецот.
Времепловецот дознал дека некој му ја украл неговата временска машина.
Паника, лутина.
  1. Во тој свет, покрај Елоите, под земјата живееле и Морлоците, кои биле грди и лоши, личеле на мајмуни и се хранеле со Елоите. Морлоците излегувале само ноќе, кога светлината била слаба, бидејќи се плашеле од неа.
Елоите и морлоците.
Морлоците биле лошите во градот и правеле проблеми.
Осаменост.
  1. Времепловецот открил дека Морлоците му ја украле машината и ја заклучиле под подножјето на споменикот-сфинга. Односот меѓу Елоите и Морлоците бил чуден, зашто Морлоците им работеле на Елоите, но исто така, се хранеле со нив.
Времепловецот,елоите и морлоците.
Времепловецот дознал дека морлоците му ја украле неговата машина за временско патување.
Лутина.
  1. Четвртиот ден од својот престој во иднината, Времепловецот скокнал во реката за да ја спаси девојката Вина, која се давела. Сите Елои се чудат, не можејќи да сфатат зошто тој го ризикувал животот за да ја спаси Вина, а таа се вљубила во неа и му подарила цвеќе. Оттогаш, Вина му станала соработничка на Времепловецот во борбата да ја врати временската машина од Морлоците.
Времепловецот,елоите и девојката Вина.
Вина се нашла во лоша ситуација пред да помогне времепловецот.
Храброст.
  1. Единственото оружје на Времепловецот бил кибритот којшто случајно го понесол со себе од сегашноста и тој ја запалил шумата. Така, исплашени од светлината, Морлоците избегале, но Вина го загубила животот во пожарот. Во последен миг, Времепловецот успеал да дојде до временската машина и да им избега на Морлоците, но тој бил разочаран поради смртта на Вина.
Времепловецот,морлоците и Вина.
Времепловецот ги потрошил сите кибрити.
Вина починала од пожар.
Вознемиреност, вина.
  1. Завршувајќи ја својата приказна, пријателите на научникот не му верувале, но тој им покажал доказ - два бели цвета кои му ги подарила Вина. Утредента, еден од пријателите го посетил научникот и во неговата лабораторија ја допрел временската машина. Потоа, тој го сретнал научникот, носејќи торба и камера во рацете. Научникот влегол во лабораторијата, а кога по него влегол и пријателот, научникот и машината исчезнале. Така, пријателот поверувал во вистинитоста на приказната на научникот и решил да го чека да се врати од патувањето во иднината. Така, тој чекал три години...
Пријателите и Вина.
Нема проблем.
Гордост.

Saturday, February 11, 2017


Кој и да поминува или поминал низ младоста,пател,се смеел,оставил,некој трага, секој таков траг е подебен,поинаков,свој,како и идеали,соништа,желби,стремежи на секоја генерација. А што тоа вистински сака мојата генерација и кој е нејзиниот идеал не е тешко да се погоди. Сакаме да бидеме среќни и да не не мачат проблемите на возрасните,да имаме соништа,да тежнееме кон совршенството иако знаеме дeка никогаш во потполност неможеме да го достинеме.
Мојата генерација е поинаква од предходната,а веројатно ќе се разликува и од идните генерации,бидејќи во светот во кој живееме е суров и рамногушен спрема нашите побуни,спрема нашите очекувања тоа влијае на нашите размислувања и на нашите соништа,не те тера да се менуваме дека она што го сакаме вистински да се замени со она што повеќето од нашата генерација сака.

Паѓаме,стануваме и продолжуваме по старо и несакаме да се предадеме бидејќи знаеме дека сме способни за големи работи. Постарите гемерации со своите дела во старт не вратија назад малку, па сега мораме да ги стигмеме насите врсници од светот на кој знакот за старт им е даден во прав момент тоа се наши идеали.Саме да живееме нормален живот и во ниеден миг да не не плаши иднината.
Некои од нас,оние несигурните утехата ја бараат на погрешен начин во алкохолот и дрогата бидејќи не се способни да се изборат со своте проблеми,со изгубените надежи и сништа,па бегството од реалниот свет е наједноставното решение. Но многу од нас се силни и спремни да се соочат со животните потешкотии и покрај сите препреки и проблеми со кои секојдневно се сретнуваме сакаме да ги надминеме и покажеме на сите навистина колку вредиме.
Можеби мојата генерација на светот гледа несериозно. Сепак многумина од нас знаат што сакаат и по кој пат ќе тргнат одиме со сигурни чекори во иднината и ги оставаме своите трагови по улиците по кој одиме. Тоа се трагови на живење а не каење. Трагови кои ветерот ќе ги разнесе и за кој возрасните ќе слушнат. Нашиот идеал е подобар живот и подобар свет,нешто ново и потполно различно,нешто што ке не научи да бидеме среќни и задоволни.Наш идеал е да имаме идеал и да тежнееме кон нови исполнување.