Sunday, October 8, 2017

Илијада

„Илијадата“ е епопеја – најголемо епско дело во стихови.

Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја (Илиј).

Причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита.

Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон, Диомед,  Одисеј, Ахил,  Нестор – за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките.Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор, Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.

И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.Тројанската војна траела 10 години.  Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден.

Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).

No comments:

Post a Comment