Настан
|
ликови
|
судир/проблем
|
чувства
|
Една сабота, времепловецот во својата необична куќа, ги повикал своите пријатели за да им раскаже дека има измислено временска машина со која може да се патува низ времето.
|
Времепловецот и пријателите.
|
Нема проблем.
|
Гордост.
|
Се разбира, пријателите не му верувале, но тој го притиснал копчето на машината и исчезнал од куќата.
|
Пријателите.
|
Судир помеѓу времепловецот и неговите пријатели, не му веруваат.
|
Вознемиреност, лутина.
|
Следниот четврток, пријателите повторно се собрале во куќата на закажаниот состанок, но Времепловецот го немало. Мислеле дека исчезнал!
|
Пријателите и времепловецот.
|
Пријателите го барале времепловецот но го немало!
|
Збунетост, паника.
|
Наеднаш, тој се појавил, повреден, искинат, со прљавштини на облеката и им соопштил дека се вратил од своето патување во иднината, односно отпатувал во 802701-та година. Така, тој започнал да им ја раскажува својата авантура, која траела точно осум дена.
|
Времепловецот и пријателите.
|
Судир помеѓу времепловецот и иднината, се вратил распартален.
|
Паника.
|
Кога стигнал во иднината, времепловецот на местот на својата куќа, видел парк, со споменик и сфинга. На местото од неговиот град, видел необичен друг град, со камени згради.
|
Времепловецот.
|
Времепловецот видел дека неговиот дом било сменето со други структури.
|
Изненаденост.
|
Таму живееле мали, Елои, кои јаделе само овошје и ништо не работеле, туку само си играле и береле цвеќе. Нивниот јазик бил прост i немале никаква уметност и култура.
|
Елоите.
|
Нема проблем.
|
Изненаденост, збунетост.
|
Во градот немало стари и изнемоштени, а сите биле облечени во убава облека. Меѓутоа, кога пристигнал таму, Времепловецот забележал дека некој му ја украл временската машина. И сакал да дознае кој.
|
Времепловецот.
|
Времепловецот дознал дека некој му ја украл неговата временска машина.
|
Паника, лутина.
|
Во тој свет, покрај Елоите, под земјата живееле и Морлоците, кои биле грди и лоши, личеле на мајмуни и се хранеле со Елоите. Морлоците излегувале само ноќе, кога светлината била слаба, бидејќи се плашеле од неа.
|
Елоите и морлоците.
|
Морлоците биле лошите во градот и правеле проблеми.
|
Осаменост.
|
Времепловецот открил дека Морлоците му ја украле машината и ја заклучиле под подножјето на споменикот-сфинга. Односот меѓу Елоите и Морлоците бил чуден, зашто Морлоците им работеле на Елоите, но исто така, се хранеле со нив.
|
Времепловецот,елоите и морлоците.
|
Времепловецот дознал дека морлоците му ја украле неговата машина за временско патување.
|
Лутина.
|
Четвртиот ден од својот престој во иднината, Времепловецот скокнал во реката за да ја спаси девојката Вина, која се давела. Сите Елои се чудат, не можејќи да сфатат зошто тој го ризикувал животот за да ја спаси Вина, а таа се вљубила во неа и му подарила цвеќе. Оттогаш, Вина му станала соработничка на Времепловецот во борбата да ја врати временската машина од Морлоците.
|
Времепловецот,елоите и девојката Вина.
|
Вина се нашла во лоша ситуација пред да помогне времепловецот.
|
Храброст.
|
Единственото оружје на Времепловецот бил кибритот којшто случајно го понесол со себе од сегашноста и тој ја запалил шумата. Така, исплашени од светлината, Морлоците избегале, но Вина го загубила животот во пожарот. Во последен миг, Времепловецот успеал да дојде до временската машина и да им избега на Морлоците, но тој бил разочаран поради смртта на Вина.
|
Времепловецот,морлоците и Вина.
|
Времепловецот ги потрошил сите кибрити.
Вина починала од пожар.
|
Вознемиреност, вина.
|
Завршувајќи ја својата приказна, пријателите на научникот не му верувале, но тој им покажал доказ - два бели цвета кои му ги подарила Вина. Утредента, еден од пријателите го посетил научникот и во неговата лабораторија ја допрел временската машина. Потоа, тој го сретнал научникот, носејќи торба и камера во рацете. Научникот влегол во лабораторијата, а кога по него влегол и пријателот, научникот и машината исчезнале. Така, пријателот поверувал во вистинитоста на приказната на научникот и решил да го чека да се врати од патувањето во иднината. Така, тој чекал три години...
|
Пријателите и Вина.
|
Нема проблем.
|
Гордост.
|
Одлично!
ReplyDelete