Monday, May 7, 2018

Антигона

Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во грев, ќерка на родители – мајка и син, таа не може да има среќна судбина.

              Но, сепак, тоа не е нејзината најголема трагедија. Таа е толку чесна, достоинствена, горда и посветена, што не може да дозволи нејзиниот брат, па каква и да му била вината, да го остави непогребан. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен на мршојадците. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит.
За неа тука завршува сѐ. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот, и заповедта на кралот. Ништо нема значење. Само зачувувањето на достоинството, свое и на братот. Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа.
              Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

,,Вујко Вања''- А.П. Чехов

              Драмата е приказна за едно имашливо руско семејство, кое живее на селскиот имот. Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров.
              Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските.             
             Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата. По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.

Tuesday, March 27, 2018

Одлично е да си мрзелив



Мрзеливоста е една од најлошите карактеристики со кои може да се одликува една личност.Да се биде мрзелив е потребно многу напор.Тоа е како зависност од која не можеме да се одвикнеме.
Секој мрзелив човек умира од досада.Се околу него е исто и многу здодевно.Фактот дека еден мрзелив човек не ги преви реботите што останатите ги прават е неизбежен.
Мрзеливите луѓе не се работливи.Тие делуваат многу не заинтересирано.Најчесто кога нешто работат го прават бавно и со недостиг на желба.
Еден мрзелив човек сака и чека некој друг да ја заврши неговата обврска. Но се лаже,никој нема да сака да му помогне.Ниту пак некој ќе сака да ја изврши неговата обврска.
Заклучуваме дека мрзеливоста не е корсна и дека е еден вид на навика.

Monday, February 12, 2018

Прва љубов


1-Фабула

Прва љубов e приказна за љубовта помеѓу 21-годишна девојка и 16-годишно момче.
Тројцата мажи по редослед раскажуваат приказни за својата прва љубов.Кога редот му доаѓа на Владимир, тој предложува да ја напише приказната во тетратка, бидејќи била долга.
Другите мажи се согласуваат, и неколку недели подоцна Владимир ја чита приказната сеќавајќи се на спомените на својата прва љубов.